Операта „Тоска“ вечерва во МОБ

Вечер (22 март, петок), со почеток во 20:00 часот на сцената во МОБ, ќе се изведе најпопуларната опера од Џакомо Пучини „Тоска“.

од Архивата на МОБ

Станува збор за опера во три чина. Напишана е по италијанското либрето од Луиџи Илика и Џузепе Џакоза. Либретото се базира на драмата „Тоска“ од Викториен Сарду. Светската премиера на операта е одржана на 14 Јануари 1900г. во Рим, Италија.

Диригент на претставата ќе биде Серхио Алапонт од Шпанија, режија на Огњан Драганов од Бугарија, сценографија на Зоран Николовски, костимографија на Марија Пупучевска и концерт мајстор Верица Ламбевска.

Во насловната улога ќе настапи Весна Гиновска Илкова, во улогата на Каварадоси солистот Зоран Сотиров, Скарпија- солистот Нико Исаков од Бугарија, Анџелоти-Ернес Ибраимовски, во улогата на Клисар солистот Драган Ампов, Сполета-Саша Смилевски, Шароне-Славчо Димовски, Клучар-Димитар Кожухаров и Овчарче-Десанка Глигоријевиќ.

You May Also Like