Средби со искусни филмски работници во Битола

Денеска (среда, 19 септември, 2012 година) во 10:00 часот во прес-центарот на фестивалот „Браќа Манаки“ ќе биде одржана конференција со странски и домашни филмски работници.

Гостин на прес-конференцијата најпрво ќе биде искусниот португалски кинематографер Руи Покас од филмот „Табу“ од главната програма, а модератор ќе биде Благоја Куновски-Доре.
Од програмата „Нови визии“ ќе присуствува најкинематограферот на Санденс 2012, Давид Редекер, од филмот „Мојот брат“. Исто така, ќе бидат присутни и македонските режисери Марија Апчевска (Бардо) и Вардан Тозија (Човекот што имаше чудна навика), како и кинематограферот од филмот Бардо, Владимир Самоиловски. Модератор на овој дел од прес конференцијата е Сунчица Уневска.

Во текот на денешниот ден ќе биде одржан воркшопот во Малата сала од 13:30 часот „Фотографијата како систем за комуникација“ со Миладин Чолаковиќ.
На пладне е закажана и промоција на книгата „Кинеење“ на Тони Цифровски во Фестивалскиот центар со Тодор Кузманов и Мими Ѓорѓоска- Илиевска како промотор.

 

You May Also Like