(фото) Отворен објектот на новиот Археолошки музеј на Македонија

По повеќе од 30 години, Македонија со новиот Археолошки музеј го доби најсовремен музејски простор за соодветно чување и презентација на богатото движно културно наследство кое е потврда на цивилизацискиот континуитет на нашите простори …

arheoloski  011 otvaranje

Премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните, меѓу кои и претседателот на државата Ѓорге Иванов, министри, пратеници, претставници на акдемската заедница и други гости истакна дека археологијата во Македонија долго време била запоставена, се до 2006 година кога ваквите процеси беа видно изменети како резултат на сериозните вложувања на Владата во капитални истражувања.

Груевски подвлече дека Археолошкиот музеј, кој е еден од највпечатливите, најсодржајните и најубавите музеи во современа Република Македонија, ќе претставува и нова значајна понуда во делот на туризмот на земјата. Тој најави дека инвестициите во културата ќе продолжат, а следен во низата владини проекти во областа го посочи отворањето на постојаната поставка посветена на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија, како и новиот дел на Етнолошкиот музеј во рамките на комплексот „македонско село“.

arheoloski 030 otvaranje

arheoloski  024 otvaranje

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска истакна дека овој музеј е аргументирано сведоштво за нашата историја, за нашиот милениумски развој и од тука, Археолошкиот музеј на Македонија, е мошне значајна инвестиција за нашата држава, гледано од историски, културолошки, образовен и туристички аспект.

-Новиот Археолошки музеј е музеј на 21. век. Современите технологии, анимациите, амбиенталната музика, ликовните дела со имагинативна рекострукција на определни периоди од развојот на цивилизацијата на нашето тло и другите содржини овозможуваат посетителот да направи свое сопствено археолошко истражување. Современиот начин на презентација во Музејот уверена сум дека ќе овозможи секој граѓанин на нашата држава, но и странски посетител, длабоко да го осознае богатото културно наследство на Македонија и да научи многу повеќе за нашето културно минато. Музејските содржини ќе бидат особена провокација за младите генерации, кои од овој Музеј во иднина ќе црпат чувство на припадност и почит кон сопствените корени, посочи Канческа Милевска.

arheoloski  028 otvaranje

arheoloski  032 otvaranjeДиректорката на Археолошкиот музеј Весела Честоева истакна дека во создавањето на приказната раскажана преку поставката активно учествуваа стручните оддели при Музејот, како и заводите и музеите во РМ и Управата за заштита на културното наследство.

Новиот Археолошки музеј кој е капитален проект на Владата на Република Македонија и Министерството за култура, е монументален објект на вкупна површина од 6000 квадратни метри, и е пандан на најсовремените европски археолошки музејски институции. Во музејот е прикажано богатото културно наследство на Македонија со повеќе од 6000 експонати, селектирани од богатиот фундус на археолошко богатство на нашата држава. Изложбената поставка, на приземјето и на двата ката од современето музејско здание, содржи пет постојани музејски колекции, меѓу кои:нумизматичката збирка од над 2000 монети од античкото Пајонско кралство до доцносредновековната епоха, лапидариумот со репрезентативните примероци на античката камена скулптура, праисториската археолошка збирка со артефакти од палеолитското, неолитското и металното доба, античката збирка на археолошки наоди со изложбени експонати од раната антика, македонско-хеленистичкиот период, римската епоха и доцно-античките времиња и збирката на археолошки артефакти од средновековниот период, надополнета со примероци од материјалната култура на Османлиското време.

arheoloski  01aa otvaranje

Секој посетител на новиот археолошки музеј ќе има неповторлива можност да ги види на едно место култниот керамички артефакт со претстава на Големата Мајка од тумбата кај Маџари, комплетната реконструкција на „гробот на свештеничката“ од локалитетот Марвинци, минијатурната танчерска фигура на тетовската Менада, вазата Хидрија од 4 век п.н.е, македонскиот штит од 3 век пр.н.е. од локалитетот Бонче, златниот накит и златните гулабици од Охридскиот регион од раната антика и македонско-хеленистичкиот период, атрактивната Срамежлива Венера пронајдена на античко Скупи, реконструктивната копија на ритуалната кочија од римскиот период пронајдена во Делчево, стаклената чаша дијатрета од античкиот период, мозаици и реконструирани објекти од ранохристијанскиот период,бронзениот накит од Комани-круе културата од Св. Еразмо кај Охрид од 7-8 век, комплетната колекција на уникатните теракотни икони од Виничкото кале и многуброен археолошки материјал од средниот век. Во музејот е изложена и единствената копија од раскошниот саркофаг на кој се прикажани воените подвизи на Александар Македонски.

arheoloski  029 otvaranje

arheoloski 036 otvaranje

arheoloski  015 Arh muzej eksponati

arheoloski  05 Arh muzej eksponati

You May Also Like