Најава за Тамбурашкиот фестивал во Куманово

Од 23 до 25 август на градскиот плоштад во Куманово ќе се одржи 8-от Меѓународен „Тамбурашки Фестивал”. Фестивалот ќе го отворат македонските тамбурашки оркестри „Кумановски тамбураши”,„Ѓезме” и Драган Даутовски.

Втората фестивалска вечер ќе настапат оркестарот на Васа Пелагиќ и орекстарот „Тузлански тамбураши” со солистот Хаме Наулиќ од Босна и Херцеговина.

На 25 август настапуваат „Прифарски музиканти” и солистот Ладо Лесковар  од Љубљана ,Словенија”.

Организатори на фестивалот се Фондацијата за култура и спорт Куманово и Секторот за култура и спорт. За тридневната програма на тамбурашкиот фестивал општината одвои 700.000 денари, а Министерството за култура 200.000 денари.

You May Also Like