Повик за учество на „Бела ноќ“

Градот Скопје и Младинскиот културен центар распишаа повик за учество на уметници што на есен ќе бидат дел од еднодневното културно раздвижување на Скопје, насловено како „Бела ноќ“, што ќе се одржи на 4 октомври 2014.

Bela Nokj

Во повикотсе вели: „Годинава на јубилејното 10.издание на настанот БЕЛА НОЌ ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип и кибернетичка уметност), применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации), музика, филм и јавна уметност и урбани точки.

Селекцијата на уметниците ќе биде направена од организаторите. Уметниците ќе бидат избрани според приложените дела. Квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Притоа, дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.

Со цел да земат учество на повикот, уметниците треба да ги поднесат следниве документи:

– биографија со личните податоци за уметникот или групата
– фотографии/ ДВД/ ЦД/ скици и цртежи
– промотивни материјали (доколку ги има): каталог, брошура, рецензии, осврти…
– пополнета и потпишана апликација ( можете да ја симнете на www.belanok.mk)

Апликациските форми заедно со дополнителните документи треба да бидат испратени најдоцна до 01 јули 2014 година, на следниве адреси:
Младински културен центар, со назнака (ЗА БЕЛА НОЌ 2014), Кеј Димитар Влахов 15. 1000 Скопје, Македонија или по пат на електронска пошта на info@belanok.mk“.

You May Also Like