Средба со младиот хрватски поет Марко Погачар и промоција на книгата „Предмети“ во МКЦ

Промоцијата на „Предмети“ ќе биде в четврток (21 јуни) во 19:45 часот на платото пред МКЦ. Средбата ќе ја модерира нашиот поет и преведувач Никола Маџиров, добитник на бројни книжевни награди и годинашен македонски претстваник на поетската олимпијада во Лондон.

Марко Погачар од критиката е прогласен за „најдобриот млад хрватски поет“ и еден од најнадежните гласови во Југоисточна Европа. По вокација и страст е поет, активист, колумнист, преведувач, компаратист, тапанар.
Книгата „Предмети“ е неговата најнаградувана збирка која на македонски ја препеа Никола Маџиров. Специјалното доаѓање на хрватскиот поет во Македонија е во организација на книгоиздателството „Антолог“ и на Младинскиот културен центар, со поддршка на книжевната мрежа „Традуки“.

———————————————————

Марко Погачар е роден во 1984 година во Сплит. Објавува поезија, есеи и книжевна критика.  Уредник е на списанието за литература „Кворум“ и на двонеделникот за културни и општествени случувања „Зарез“. Неговите песни се преведени ан дваесетина јазици во повеќе странски антологии и списанија. Автор е на книгите „Пијавици над Санта Круз“ (песни, 2006), „Посланија до обичните луѓе“ (песни 2007), „Предмети“ (песни 2009), „Атлас на гласови“ (есеи 2007), „Зошто сме многу“ (публицистика, 2011).

 

You May Also Like