Средба со екипата на „Балканот не е мртов“

Денеска (петок, 21 септември, 2012 година), од 10:00 часот во Прес-центарот при Центарот за култура во Битола, ќе се одржи голема конференција за печат на која гости ќе бидат поголем дел од екипата на македонскиот филм „Балканот не е мртов“.

 


Гостин на прес-конференцијата од главната програма е кинематограферката  Јоланта Дилевска од филмот „Во мрак“ и Елен Клоц, режисерка на филмот  ″Атомска возраст“.

Потоа гости се и голем дел од екипата на филмот „Балканот не е мртов“ и тоа кинематограферот Дејан Димески, режисерот  Александар Поповски, продуцентот Роберт Насков, композиторот Кирил Џајковски, актерите Никола Ристановски, Драгана Костадиновска и Наташа Тапушковиќ како и костимографката – Снежана Пешиќ-Раиќ. Модератор на гостите од главната програма е Благоја Куновски-Доре.

Од програмата „Нови визии“ ќе бидат присутни режисерот Иво Трајков, копродуцентот  Роберт Јазаџиски, кинематограферот Иван Мирановиќ и актерот Рефет Абази од филмот „Берлин проект“, а модератор е Сунчица Уневска.

Режисерката Дана Будисављевиќ на филмот „Семејни оброци“ пак е гостинка од документарната програма, а модератор од овој дел на филмската програма е Гена Теодосиевска.
Од програмата „Шведски филмски фокус“ ќе гостуваат Ларс Вахлунд, амбасадор на Кралството Шведска во Република Македонија и Линда Васбер, кинематограферката на филмот „Мајмунки”. Модератор е Гена Теодосиевска.

Во малата сала на Центарот за култура, од 13:30 часот ќе биде одржан јавен разговор со Лучано Товоли, добитник  на награда за животно дело „Златна камера 300“ на 33-от Фестивал на филмската камера „Браќа Манаки.

You May Also Like