Работилница на Волонтерскиот центар за млади во Гевгелија

Денеска и утре ( 29 и 30 март) со почеток од 12:00 часот во хотелот Аполонија, како дел од активностите на Волонтерскиот Центар за млади ќе се одржи четвртата по ред едукативна работилница, овој пат на тема: „Пишување и менаџирање на проекти“.

gevgelija

Во информацијата за настанот се вели: „Сите оние кои сакаат да научат како се пишуваат проекти, со кои може да се аплицира за грантови, и да се стекнат со една интересна вештина која може ги направи поконкурентни на пазарот за работа, може да бидат дел од оваа дводневната работилница која ја организира Фондацијата Аполонија во партнерство со ЗЕДМ Сложувалка. Едукатор на оваа работилница ќе биде Линдита Реџепи, од Мировниот Корпус, каде се практикува доста оваа алатка при обучување на волонтерите кои доаѓаат во Македонија и нивните соработници во заедниците, посебно во општините и невладиниот сектор. Покрај волонтерите кои веќе имаат поднесено апликација во Волонтерскиот Центар и други заинтересирани лица може да присуствуваат на оваа бесплатна работилница, а се што треба да направат е да се пријават на e-mail адресата fondacija@apollonia.com.mk или на телефонскиот број 071299728“.

You May Also Like