Денеска напладне (среда, 10 септември 2014, 12:00) во ДПМ ќе се одржи книжевна средба со бугарскиот поет, препејувач и академски ликовен уметник Роман Кисјов.
Кисјов е автор на 5 одлични објавени поетски книги и 2 во печат. Неговите песни се препеани на 20 јазици.
Роман Кисјов е роден 1962 година во Казанлак, Бугарија. Дипломирал сликарство на Националната Академија за Ликовна Уметност во Софија. Работи на две области – поезија и уметност. Негови песни се објавени речиси во сите Бугарски литературни изданија и во поетските антологии во Бугарија, Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Романија и Индија. Неговите песни се преведени и објавени на англиски, италиански, руски, романски, германски, дански, македонски, српски, хрватски, албански, арапски и хинду. Учествувал на многу интернационални фестивали за поезија.