Денес во просториите на Светскиот македонски конгрес прес за откривањето на Споменик на ранетите и починатите Македонци и Грци – борци на Демократската армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, лекувани во болницата во Катлановска бања 1947-1948 година …
Во четврток, на 13.03.2014 година, со почеток во 11:00 часот во зградата на Матицата на иселениците од Македонија (улица “Никола Кљусев“ број 5, карши Шпанска амбасада, Шведска амбасада и ФФМ), Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот македонски конгрес ќе одржат прес-конференција за откривањето на Споменик на ранетите и починатите Македонци и Грци – борци на Демократската армија на Грција (ДАГ) во Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година, лекувани во болницата во Катлановска бања 1947-1948 година.
Споменикот ќе биде откриен на 15 март 2014 година со почеток во 11:00 часот со следната програма:
11.00-11.15 – Панихида за починатите на која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
11.15-11.45 – Поздравни говори
11.45-12.00 – Откривање на Споменикот и полагање цвеќе од присутните делегации
12.00-15.00 – Културно-уметничка програма
Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и на Светскиот Македонски Конгрес