Денеска (четврток, 13 март 2014 година) со почеток во 20:00 часот во арт кафе Концепт 37 во Скопје ќе биде отворена изложба со дела на истакнатиот сликар Живко Поповски – Цветин. Авторот донира околу 50-тина слики во поддршка на хуманитарната акција за 11-годишниот Димитар Несторовски, кој боледува од прогресивна мускулна дистрофија -Дишен (Dystrophio musculorum progresiva DMD).
Лекувањето на Диме во Медицинскиот центар за матични клетки “By” во Пекинг овозможува да се спречи натамошна прогресија на болеста, а четири неделниот третман за операција, имплантација на матичните клетки и физотерапија чини 40.000 долари.
Оваа изложба всушност е повик до сите хумани луѓе преку купување на уметнички дела и донирање на средства да помогнат за ова дете да има успешна операција и да може да ужива среќно детство.
Изложбата ќе биде отворена од 13-ти до 21-ви март.
Во меѓувреме, секој граѓанин може да се вклучи во акцијата покрената од страна на ОУ Вера Циривири Трена – Скопје и да донира на следните броеви: VIP: 077 143-704; ONE: 075 143-666; T-Мобиле: 070 143-117 или на жиро сметката во НЛБ Тутунска банка – 210700000613176 (трансакциска сметка), Димитар Несторовски-за донација (цел на дознака).