Триесетина поети, членови на Друштвото на писателите на Македонија, денеска напладне (среда, 19 декември, 2012) во просториите на асоцијацијата ќе читаат свои песни во знак на одбележување на денот на раѓањето на големиот македонски поет Блаже Kонески (1921 – 1993).
Настанот е во рамките на традиционалната манифестација „Средба на генерациите” на ДПМ. Омаж за Kонески ќе има писателот Цане Андреевски, а стихови од „Везилка” ќе интерпретира Софија Гогова-Врчаковска.