Минатогодишниот победник на фестивалот во Кан, филмот „Сината е најтопла боја“ на францускиот режисер Абделатиф Кешиш, домашната публика ќе биде во можност да го види во кино-салите од 13-ти март. Филмското остварување „Сината е најтопла боја“ се издвојува како еден од најконтроверзните филмови во европската кинематографија.
Кешиш за време на тричасовниот филм внимателно гради извонредна приказна во чијшто центар се наоѓа 5-годишната Адел (Адел Eксарчопулос), која на почетокот не ја доведува во прашање сопствената сексуалност. Меѓутоа, нејзиниот живот одеднаш се менува кога таа ќе ја сретне Ема (Леа Сејду), млада русокоса жена која ќе ѝ овозможи да ја открие страста, да созрее и да се оствари како жена. Во присуство на другите Адела ја бара, ја губи и потоа повторно ја наоѓа сопствената личност.
За тоа како ја доловил љубовната приказна меѓу двете девојки Кешиш накратко објаснува: Јас немам ништо лошо да кажам за хомосексуалноста, филмот не се обидов да ја дефинирам, ниту за време на снимањето дозволив да си помислам дека – па, тоа се две жени! Попрво ги гледав како љубовна двојка, снимив филм за една голема љубов, со бесконечната убавина и болката што таа ја носи со себе.
Францускиот режисер Kешиш идејата за филмот ја добил кога го прочитал романот на Жили маро „Синиот ангел“ (Le bleu est une couleur chaude). Сепак, неговиот филм не претставува адаптација на романот. Keшиш само ја надоградил љубовната приказна на својата приказна за растењето на една девојка, поради што оригиналното име на филмот гласи „Животот на Адел. Поглавје 1 и 2“. Сакајќи што е можно поверно да го прикаже вистинскиот и нецензуриран живот, Keшиш на снимањето не користел фризери и шминкери. Тој искористил многу од неофицијалниот материјал што бил снимен додека актерите не знаеле дека камерата е вклучена.
Златна палма за прв пат во историјата на лани истовремено му беше доделена на Keшиш како режисер и на двете актерки во главните улоги – Леа Сејду и Адел Eксарчопулос. Жирито со кое претседаваше Стивен Спилберг инсистираше на тоа дека актерките треба да ја понесат ова почест заедно со режисерот.
Миленик на критичарите, после филмскиот фестивал во Кан, Keшиш за овој филм доби бројни награди на разни други фестивали. Филмот ги преместува границите, прикажувајќи една од најсензуалните љубовни приказни на 21-от век!