Скопско лето: „Емитер Скопје“ и претставата „Змејовата невеста“ на Прилепски театар

Во рамките на Скопско лето, Прилепскиот театар вечерва (26 јуни) во 20.30 часот на сцената на Драмски театар ќе ја изведе претставата „Змејовата невеста“ во режија на Нела Витошевиќ. Премиерата на оваа претстава беше во мај годинава. Автор на музиката е Огнен Анастасовски, сценограф Kостантин Трпеноски, костимограф – Роза Трајчевска.

 

Интерактивни и мултимедијални дела на петмина македонски уметници вечерва од 18 часот до полноќ ќе бидат поставени на разни локации во централното градско подрачје во рамките на кураторската изложба „Емитер Скопје“.

Станува збор за проектот „Скопски урбани приказни“ кој петта година по ред го организира Друштвото на ликовните уметници на Македонија во соработка со Скопско лето. На изложбата ќе се претстават Марија Сотировска, Борис Шемов, Дарко Алексовски, Александар Спасоски и Игор Јосифов. Kуратор е Бојана Јанева – Шемова.

 

You May Also Like