Спектакуларно одбележан Денот на независноста (ВИДЕО)

На Нациoналната арена „Филип Втори“ вчера вечер (сабота, 8 септември, 2012 година) повеќе од 60 илјади граѓани присуствуваа на спектакуларниот концерт „Македонското срце чука во 7/8“ со што беа заокружени мноштвото активности за одбележување на 21-годишнината од независноста на Република Македонија.

Концертот официјално започна во 21:00 со македонската химна во изведба на Игор Дурловски. Потоа триото Тавитјан, иницијатори на проектот „Македонското срце чука во 7/8“ на сцената ги пречекаа своите колеги – музичари, звучни имиња од некогашните ју-простори: Јосипа Лисац, Жељко Бебек, Хари Варошановиќ, Александра Радовиќ, Борис Новковиќ, Нина Бадриќ, Тереза Кесовија, Дадо Топиќ, Аки Ракимовски, Горан Каран, Сергеј Четковиќ, Јелена Томашевиќ, Антонија Шола, Калиопи Букле, Каролина Гочева, Мики Јовановски Џафер, Ристо Самарџиев, Есма Реџепова, Влатко Лозановски, Владо Јаневски и Оливер Мандиќ.

Балканските ѕвезди на македонски јазик и во нов аранжман ги испејааа некои од најпознатите македонски референи.

 

You May Also Like