Премиера на филмот „Мајка Тереза и нејзиниот свет“

Утре (понеделник, 10 септември, 2012 година)  во 19:00 часот, во летниот амфитеатар на НУ Спомен-куќа на Мајка Тереза, премиерно ќе биде прикажан филмот „Мајка Тереза и нејзиниот свет“, од познатиот режисер од Јапонија, Шигеки Чиба.

Премиерата на „Мајка Тереза и нејзиниот свет“ е по повод 15 години од упокојувањето на познатата хуманистка.
Мајка Тереза (Агнеза Гонџа Бојаџиу) е родена, од татко Никола и мајка Дрона, на 26 август во Скопје, Македонија, a наредниот ден т.е. 27 август е крстена во Катедралната црква „Пресвето Срце Исусосво“ – Скопје и е дадено името Агнеза Гонџа.
Во 1979 година, Мајка Тереза, ја доби Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Почина на 5-ти септември во 1997 година во Калкута.

You May Also Like