Спектаклот „Види музика …“ презакажан за понеделник

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар информираат дека поради временските услови и најавите за дождливо време, мултимедијалниот спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ се презакажува за понеделник, 23 јуни 2014 година со почеток во 21:00 часот. Локацијата останува непроменета, Градски парк.

vidi_muzika_slusni_slika2014

Дождливото време и влагата претставуваат проблем за инструментите, поради што принудени сме да почекаме да се подобри временската прогноза за да може оркестарот непречено да ја изведе предвидената програма. Исто така сакаме што е можно повеќе граѓани да уживаат во настанот, а доброто време е предуслов за добра посетеност – изјавува директорката на македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ.

Мултимедијалниот спектакл Види музика, слушни слика, добиј книга се одржува по седми пат, и оваа година Македонската филхармонија под диригентската палка на Мартин Пантелеев ќе изведе програма наловена „Со танц низ светот“, а пак на огромни платна покрај сцената својата инспирација од музиката ќе ја пренесат ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов. Присутните граѓани ќе добијат и примерок од книгата „Вита Бревис – писмо на Флорија Емилија до Аврелиј Августин“ од норвешкиот писател Јостен Гордер.

You May Also Like