Изложба на мозаици во Охрид

Во реновираниот амам во населба Воска ,Охрид, утре (сабота, 17 ноември) во 19:30 часот ќе се отвори изложба на мозаици на која учествуваат уметици од Македонија и Србија .

 

Ова е втора изложба која се одржува таму , а прва која е во соработка помеѓу АРТерија и Музеј ” Робевци” во овој објект.

Амамот претставува значаен белег на османлиската архитектура кој е извонредно богата елегантна декоративна орнаментика карактеристична за амамите од тој период и декорирани мермерни чешми карактеристични за објекти од ваков вид, кој во минатото играл значајна улога.

Учествуваат :

Цветанка Темкова Илова
Наташа Димитриjевиќ
Драган Дејановиќ
Љубица Мешкова Солак
Александра Сандева
Ванчо Димоски
Томе Филов
Драган Верговски Алпи
Александар Илиески
Мариана Димова
Џулијано Лауцоски Верговски
Владимир Симеонов
Симона Манчева
Билјана Ангелеска
Ели Аиноска Христовска

Локацијата на Амамот:  http://goo.gl/maps/BXT8g

You May Also Like