Работилници за филмска продукција во Европа

Агенцијата за Филм на Република Македонија, во соработка со Фестивалот на француски филм, кој се одржува во период од 18-22 јуни, организира продуцентски работилници на тема „Како да се реализира продукција во денешна Европа?“. Работилниците ќе се одржат во просториите на Кинотека на Македонија на 19 јуни, 2014 год. (четврток) со почеток во 10:00 часот.

film_track3

Најавени предавачи за работилниците се продуцентите Фредерик Бурбулон и Ален Мајор.

Воедно, во склоп на Фестивалот за креативен и документарен филм МакеДокс, кој се одржува од 14-20 јуни, Агенцијата организира и мастерклас на тема Продукција, предводен од страна на продуцентот Катриел Шори. Катриел Шори, под чиј потпис стојат над 200 долгометражни филмови, ТВ драми и меѓународни копродукции ќе го сподели своето искуство со сите фестивалски гости и заинтересирани продуценти од Македонија во двочасовно предавање. Кетриел во 1999 година ја презема улогата на извршен директор на Израелскиот филмски фонд и оттогаш активно го поддржува и унапредува израелскиот долгометражен филм.

Работилницата ќе се одржи на 20 јуни, во Куршумли Ан, со почеток во 11:00 часот.

You May Also Like