Во организација на Центарот за културен проток „Артерија“ викендов (сабота, 10 март 2012 година) во Галерија „Робевци“ – Охрид, ќе биде отворена изложбата на слики „Небо во лицата“ од Ване Костуранов со почеток во 20:00 часот.
„Творештво кое произлегло како резултат на некаков си судир помеѓу сликарски и илустративни импулси.. Таквата двојност дава и двојна поетика.. би рекле сликарска и илустративна. Иако се јавуваат одредени ликови сепак е избегната таа персонализација и ликовите се поставени во некаков си имагинарен и до некаде нејасен дводимензионален прсотор , со мала сугестија на едно модерно време и временски период, со осмислена колористичка вредност на истиот…“ – Дел од критиката на Ели Аиноска Христовска
Изложбата ќе биде отворена до 24-ти март 2012 година.