Со „Ќелавата пејачка“ започна фестивалот „Ристо Шишков“

Со претставата „Ќелавата пејачка“ започна годинешното издание на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица …

risto siskov 2014

Претставата „Ќелавата пејачка“ на театарот од Шабац, Србија, која синоќа беше изведена на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, го означи почетокот на годинешното 22-ро издание на ФКТ „Ристо Шишков“.

Претседателот на жирито за избор на најдобар актер,минатогодишниот лауреат, Нико Горшиќ, изјави дека годинава најдобриот актер ќе се бира од од шеесетина глумци,кои ќе настапат во 10 претстави.

– За мене ова не е тешка задача,од проста причина што во плеадата уметници лесно ќе се препознае најдобриот,кој секако со својата игра ќе отскокне и ќе даде свој уметнички белег, рече Горшиќ.

You May Also Like