Најмладите ги учат корисните својства на медот

По завршувањето на манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2012“ оваа недела Општина Центар во соработка со Пчеларското здружение  „Матица“ организира едукативни работилници за деца од неколку градинки.

 

Во градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Р.Ј. Корчагин“ работилниците, предавањата ги држат професионални медари од здружението кои на интересен и едноставен начин ќе им ги презентираат сите позитивни својства кои произлегуваат од користењето на медот и другите пчеларски производи.

Вчера се одржа првата работилница во градинката „13 Ноември“, а во следните два дена, караванот ќе продолжи во градинките „Кочо Рацин“ и „Р.Ј. Корчагин“.  На самото предавање покрај тоа што децата имаа можност да ги слушнат корисните својства на медот, исто така беше направена и дегустација на различни видови на мед.

Во насока на едукација на најмладите, минатата недела на отворањето на манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2012“ пред јавноста на улица Македонија беа претставени и наградени трите најдобри цртежи на тема: „Медот дар од природата“, изработени од децата од трите градинки.

Општина Центар со цел едукација на најмладата популација, превзема низа активности, покрај предавањето за медот и неговата важност, исто така во клонот Кукушка, во рамки на градинката „13 Ноември“ се реализира и едукативен проект за „Здрава храна за детство без мана“. Овој проект е во рамки на интеграцијата на еколошката едукација во образовниот систем во градинките.

 

You May Also Like