Составот „Палиндром“ во живо на Канал 103

Палиндром настапуваат во состав: Ерик Омерагиќ (бас гитара), Андреј Игњатовски (бас гитара) и Кристијан Новковски (тапани).

 

Palindrom @ Kanal 103 - Poster by Filip Bukrshliev

Во најновото издание на радио серијалот „Ако никој не свири“ в недела  (9 ноември) во 22:00 часот во глувата соба на Канал 103 за првпат ќе настапи младиот скопски состав Палиндром.

Триото Палиндром е формирано во јуни 2013 година во Чаир, каде живеат и каде ги прават првите композиторски обиди. Разноврсните музички вкусови и невообичаениот состав (со две бас гитари) доведува до уникатен авторски израз, во кој се чувствуваат влијанија од noise, стонер-рок, денс-панк, пост-рок и слободна импровизација – вклопени во еден суптилен и хомоген стил.

Една година по формирањето Палиндром влегува во студио и во една ноќ го снима нивното деби ЕП; продуцирано од бендот заедно со Дени Омерагиќ, а сo Ивица Јанкуловски како тон мајстор. Ова издание ќе биде објавено во втората половина на ноември, под издавачката етикета Ако никој не свири…
Палиндром настапуваат во состав: Ерик Омерагиќ (бас гитара), Андреј Игњатовски (бас гитара) и Кристијан Новковски (тапани).
Тон мајстор на концертот ќе биде Ален Хаџи-Стефанов.

Програмата може да се следи и онлајн, на www.kanal103.com.mk

You May Also Like