Соопштени резултатите од конкурсот за странски издавачи

Стручната комисија врз основа на исполнетите критериуми на конкурсот по разгледувањето на апликациите направи селекција на 16 дела од современата македонска книжевност кои ќе бидат преведени на 11 странски јазици (полски, српски, руски, германски, словенечки, украински, хрватски, француски, бугарски, црногорски, албански) …

kanceska milevska stranski izdavaci 3 Вкупно четириесет пријави од 16 земји годинава пристигнаа во Министерството за култура на конкурсот за странски издавачи кои ќе објавуваат репрезентативни и квалитетни дела од македонската литература. Стручната комисија врз основа на исполнетите критериуми на конкурсот по разгледувањето на апликациите направи селекција на 16 дела од современата македонска книжевност кои ќе бидат преведени на 11 странски јазици (полски, српски, руски, германски, словенечки, украински, хрватски, француски, бугарски, црногорски, албански).

Ова го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на денешниот прес, која рече дека сите овие дела ќе бидат преведени и издадени до крајот на август идната година. Таа појасни дека за преводите Министерството за култура обезбеди 2 милиони денари, а средствата за преводите соодвествуваат со најдобрите европски практики, односно се во висина на фондовите на најпрестижните грантови како оние на Традуки и Европската комисија.

– По разгледувањето на најновите апликации кои пристигнаа во Министерството за култура, Комисијата во состав Нове Цветановски, проф. д-р Виолета Димова и м-р Енвер Беќири одлучи, согласно исполнетите критериуми на конкурсот, да биде обезбедена поддршка за превод на уште четири нови дела од реномирани македонски автори на другите јазици. До крајот на ноември наредната година ќе бидат преведени и објавени делата „Зад аголот“ на Томислав Османли на турски јазик, „Сплаварот“ на Владимир Плавевски на полски јазик, „Посмртна венчавка“ на Паскал Гилевски на бугарски јазик и „Мојата роднина Емилија“ на Влада Урошевиќ на српски јазик, истакна Канческа-Милевска. Таа посочи дека со конкурсот ќе се обезбеди еден посоодветен третман на нашите автори кај странските издавачи и ефективна промоција на македонското творештво но, и на нашата држава во меѓународен контекст.

kanceska milevska stranski izdavaci 2a

-Во оваа смисла би сакала да изразам големо задоволство што оваа стимулативна мерка беше поздравена од сите автори и институции во нашата држава и што истата резултираше со навистина голем интерес од страна на издавачките куќи од Европа и светот, рече Канческа-Милевска. Таа додаде дека Република Македонија е една од ретките држави во регионот и пошироко која вложува големи средства во областа на литературната и издавачката дејност.

Претседателот на стручната комисија, Нове Цветановски посочи дека конкурсот за странски издавачи е најзначајниот проект за афирмација на македонската литература во странство.

– Ефектите треба да се очекуваат од наредната година затоа што е потребно време да се преведат и да се објават книгите. Според мое мислење, овој конкурс е позначаен и од меѓународните саеми и од меѓународните книжевни манифестации затоа што има евидентни резултати кои остануваат како културен продукт, како книжевен производ, додаде Цветановски кој посочи дека станува збор за дела кои ќе ги има во многу библиотеки во светот. Писателот Влада Урошевиќ ја поздрави иницијативата на Министерството. – Не е мала работа кога ќе се појави една книга од македонски автор, на кориците ќе стои името на преведувачот и ќе пишува преведено од македонски јазик…, рече Урошевиќ.

Конкурсот за странски издавачи, кој Министерството за култура го објави првпат на почетокот на годинава е предвиден во Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 и е една од многуте стимулативни мерки што ги спроведе Министерството изминатиот период во сите дејности од областа на културата.

You May Also Like