Театарот “Војдан Черндорински” од Прилеп денеска (вторник, 23 септември) гостува во Скопје со претставата “Сон на летната ноќ” од Шекспир во режија на Нела Витошевиќ. Гостувањето е во рамките на годинашниот Млад отворен театар.
Публиката вечер во 20:00 часот во Драмскиот театарво Скопје ќе има можност да ја проследи најновата претстава на театарот чија премиера на матичната сцена ќе се случи идната недела. Сценографијата е на Костантин Трпеновски, музиката е на Огнен Анастасовски, костимите на Роза Трајчевска. Играат Игор Ангелов, Даниела Иваноска, Игор Трпче, Марија С. Илијеска, Катерина Чакмакоска, Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Илија Волчески, Јасмина М. Станкоска, Александар Тодески, Ирена Мирческа и Михајло Михајлоски. Претходно со “Сонот…” театарот учествуваше на “Шекспир фестивалот ” во Битола.
Инаку утре (среда, 24 септември) театарот „Војдан Чернодрински“ настапува во Штип. На отворањето на детскиот фестивал што го организира Центарот за култура од Штип, театарот ќе ја прикаже претставата за деца “Мачорот во чизми”.