Започнува „Неделата на ресторани“

Од денеска (6 мај, понеделник) до 12 во Скопје ќе се одржи „Недела на ресторани“. Концептот на овој настан е по примерот на светските метрополи.

„Недела на ресторани“ е замислен како настан на кој граѓаните и посетителите на Скопје ќе можат да уживаат во најдобрите специјалитети приготвени од локални гостилници па сè до врвни ресторани.

Настанот има нетипичен концепт со тоа што се предвидува да не се одржува на само едно место туку да вклучува различни ресторани од главниот град кои ќе нудат менија по претходно утврдена цена од 333 денари. Целта е менијата со атрактивни цени да привлечат што поголем број на посетители и да ја демонстрираат автентичноста на секој ресторан, како и стилот на готвење.

Идејата на настанот е да прерасне во традиција и да ја подигне гастрономската културата во Скопје.

You May Also Like