Промовирана „На(д) сцената 2“ од Борче Грозданов

Новинарот и театарски критичар Борче Грозданов во Драмскиот театар во Скопје ја промовираше својата збирка театарски рецензии „На(д) сцената 2″, која содржи 50 статии објавени во дневниот весник „Вечер”, во периодот од 2004 до 2014 година.

nad_scenata2_borce_grozdanov

Посветеноста кон театарската уметност кај Борче Грозданов трае веќе дваесет години. Неговото критичко проследување на театарските претстави резултираше со околу 400 рецензии, во најголем дел објавени во дневниот весник „Вечер“, но и во списанијата „Екран“, „Разгледи“, „Пулс“, „Дело“, „Театар тренд“.

Во 2004 година, по повод десетгодишнината од неговата прва театарска критика, со сопствени средства издаде ЦД со театарски критики со наслов „На(д) сцената“. Новата книга „На(д) сцената 2“, како второ продолжение, е избор на рецензии објавени во периодот од 2004 до 2014 година.

Воведната рецензија кон книгата ја напиша познатиот театарски критичар Иван Ивановски.
Свое обраќање на промоцијата имаа Сашко Насев, драматург, и младата режисерка Александра Кардалевска.

You May Also Like