„Снимка на секс“ со Камерон Дијаз и Џејсон Сегeл во Синеплекс

Џеј и Ана ќе направат се за да го спречат ширењето на нивната снимка. Тие одат до крајност кога ќе сфатат дека нивната секс снимка ќе се најде на секој таблет кој го подариле на своите роднини и пријатели, па дури и на шефот.

snimka_na_sex

Комедијата на годината за која сите зборуваат, наскоро ни пристига во киното Cineplexx!
Станува збор за филмот „Снимка на секс“ во кој главните улоги ги толкуваат Камерон Дијаз и Џејсон Сегел, чија приватна видео снимка ќе се прошири на интернет како вирус, а тие двајца ќе се обидат да направат се за да ја сопрат.

По повод премиерата на филмот, на 07 август, со почеток во 19:00 часот ќе биде организиран тематски настан LADIES NIGHT во киното Cineplexx. Сите посетители таа вечер ќе уживаат во одлична филмска забава и атрактивни подароци!

You May Also Like