Денеска (сабота, 2 август) во 20:00 часот во Магаза ќе биде отворена Изложба на уметничка фотографија „Акорди на светлината“ на Ромина Милетиќ.
Во рамките на Бит фест од 08:00 – 22:00 часот на Плоштад Магнолија се одржува мини саем на книгата, кој продолжува и в недела во истото време.
11:00 – 24:00 часот на Широк Сокак во тек е Саемот на ракотворби во организација на здружението „Македонски ракотворби“.