Слушачка промоција на „Реквием“ од Пејовски

ПМГ Рекордингс и Младинскиот Културен Центар, Скопје, го објавуваат излегувањето на новиот албум „Фиром Реквием“ на Александар Пејовски, водечки композитор на модерна класика на домашната музичка сцена. Слушачката промоција е најавена за денеска (сабота, 15 март) во фоајето на Кино Фроцина, МКЦ, Скопје.

Fyrom Requiem_pejovski

“ФИРОМ Реквием”, како што е насловено делото, е хируршки прецизно сонично, но во исто време и политиколошко остварување, кое јасно го отсликува бремето на македонската реалност, но и музички трансцедира во толку посакуваната вечност. Ова остварување, сосем непретенциозно ги пополнува музичко културолошките дупки, настанати од нашиот раштркан и несериозен пристап кон остварувањето на сопствената историја/култура. Реквиемот на Пејовски успева онаму каде што современата македонската политика паѓа, а тоа е да обезбеди/конструира посветла и пограндиозна историја, а со тоа автоматски сегашност и иднина за нашата автентична резонанца во времињата.
Вистинските познавачи на современата музика кои секогаш со нетрпение го очекуваат секое ново остварување на Пејовски и овој пат ќе добијат мало ремек дело.

По полноќ прославата се сели во скопскиот клуб Сектор 909.
Ова заедничко издание е 98мо за ПМГ Рекордингс, а 7мо за МКЦ, Скопје.
ЦД ќе може да се набави на промоцијата и во музичките продавници, а албумот како слободен даунлоад може да се спушти и од страната на ПМГ Рекордингс.

You May Also Like