Со синоќешната премиера на „Робокап“, која во Македонија пристигна една недела пред Америка, како и со анимираниот „Лего филм“, во 3д Kино Битола започна месецот на светските премиери.
Веќе наредната недела, од 13. февруари, по повод празникот на вљубените „Св.Валентин“ следува светската премиера на најромантичниот филм „Зимска приказна“. Од итата дата ќе се прикажува филмот „Чувари на наследството“ во кој Џорџ Клуни ја толкува главната улога, а воедно е режисер на филмот.
Во втората половина на Февруари ќе се одржи и премиерата на вториот дел од популарниот филм „Монтевидео“.
Во неколкуте месеци постоење на 3D Кино Битола, битолската публика проследи бројни филмски хитови меѓу кои се издвојуваат светските премиери на „Тор:Мрачниот свет“ и „Хобит: Пустошот на Смауг“кој се прикажуваше во HFR 3D верзија, што воедно беше и прва HFR проекција во Македонија.
Битолчани се задоволни од богатиот избор на филмски наслови, што се докажува со рекордни бројки на посетеност. Особено радува фактот што се создаде позитивна навика кај публиката за редовна посета на киното и следење на понудата, тако што голем дел од посетителите проследуваат и по неколку филмови месечно.
Освен битолчани, редовни посетители на 3D Кино Битола се и жители на други градови, особено се издвојуваат во бројноста посетителите од Прилеп и Ресен, а се почести се посетите и на жителите од соседна Грција. Со тоа зацртаните цели за успешно функционирање на киното се исполнуваат и претставуваат поттик за поголема амбициозност во работата.
Неделен репертоар на 3Д Кино Битола
ПЕТОК 07.02.2014
18.00 ЛЕГО ФИЛМ 3D
22.00 РОБОКАП
САБОТА 08.02.2014
12.00 ЛЕГО ФИЛМ 3D
22.00 РОБОКАП
НЕДЕЛА 09.01.2014
12.00 ЛЕГО ФИЛМ 3D
20.00 РОБОКАП
ПОНЕДЕЛНИК 10.02.2014
20.00 РОБОКАП
ВТОРНИК 11.02.2014
20.00 РОБОКАП
СРЕДА 12.02.2014
22.00 РОБОКАП
ЧЕТВРТОК 13.02.2014
20.00 ЗИМСКА ПРИКАЗНА
22.00 ЧУВАРИ НА НАСЛЕДСТВОТО
ПЕТОК 14.02.2014
20.00 ЗИМСКА ПРИКАЗНА
22.00 ЧУВАРИ НА НАСЛЕДСТВОТО
САБОТА 15.02.2014
12.00 ЛЕГО ФИЛМ 3D
20.00 ЗИМСКА ПРИКАЗНА
22.00 ЧУВАРИ НА НАСЛЕДСТВОТО
НЕДЕЛА 16.01.2014
12.00 ЛЕГО ФИЛМ 3D
20.00 ЗИМСКА ПРИКАЗНА
22.00 ЧУВАРИ НА НАСЛЕДСТВОТО
ПОНЕДЕЛНИК 17.02.2014
20.00 ЗИМСКА ПРИКАЗНА
22.00 ЧУВАРИ НА НАСЛЕДСТВОТО
ВТОРНИК 18.02.2014
20.00 ЗИМСКА ПРИКАЗНА
22.00 ЧУВАРИ НА НАСЛЕДСТВОТО
СРЕДА 19.02.2014
20.00 ЗИМСКА ПРИКАЗНА
22.00 ЧУВАРИ НА НАСЛЕДСТВОТО