Во најновата серија на слики и цртежи насловена “Дезинтеграции” авторот ги коментира актуелните општествени, политички и културни превирања на светско и локално ниво.
Во среда (29 октомври) во 20:00 часот во Мала станица ќе биде отворена изложба на слики и цртежи од Атанас Ботев под наслов „Дезинтеграции“.
Стилски, делата варираат а тоа е резултат на неговата номадска природа да не се закотвува на едно место но генерално неговата визуелна поетика ја следи линијата на наративниот постмодернистичкиот дискурс.
Атанас Ботев е роден во Скопје, 1973. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997. Магистрира на истиот факултет во 1999. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје. Создава во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс.