Денеска (6ти септември, сабота) на Стадионот АРМ во Градскиот Парк ќе се одржи Skopje Dance Festival.
SKOPJE DANCE FESTIVAL е мултимедијален електронски музички настан со главна цел промовирање на најдобрите светски музички артисти пред македонската јавност, како и обединување на сите реномирани македонски електронски музички изведувачи на едно место, во нашиот главен град.
Организаторите велат: „Скопје отсекогаш важел за град каде што електронската сцена, едуцираноста и културата на младите, како и ноќниот живот биле на високо респектирано ниво. Како пример би го навеле познатото списание DJ Magazine во кое електронската сцена во нашата држава беше поставена на исто рамниште со сцените од сите познати европски држави, додека градот Скопје важеше за центар на електронските музички случувања во регионот и пошироко. Сведоци на ова се големиот број на светски познати артисти кои во неколку наврати гостувале во нашиот град, а feedback-от кој го добиле од македонската публика во свои лични интервјуа го имаат претставено како едно од нивните најдобри доживувања.
Од нашиот град потекнуваат многу познати музички артисти кои бележат успеси како на домашната така и на светската музичка сцена и кои се редовни учесници на најголемите музички светски настани.
Идејата на SKOPJE DANCE FESTIVAL 2014 е продолжување и развој на електронската музичка сцена, едуцирање на младите, издигнување на градот Скопје и негово повторно поставување на мапата на светската електронска сцена“ – велат од Skopje Dance Festival.