Сликарката Наташа Милованчев в петок (26 октомври) ќе се се претстави во изложбениот салон „Прима центар“ во Берлин со самостојна изложба со наслов „Кодирани предели III“.
На изложбата ќе бидат претставени вкупно 27 дела, работени последната година, а се продолжение на истоимениот циклус, кој го работи од 2007 година. Милованчев учествувала на бројни групни и самостојни изложби во земјава, а во странство досега изложувала вo Париз, Софија, Подгорица и Белград.
Taa работи како вонреден професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје.