Маџиров ќе се претстави пред естонската публика

Никола Маџиров својата поезија ќе ја презентира на естонски и македонски јазик во неколку места во Естонија. Првото читање е закажано за денес (четврток, 25 октомври), во просторот Сент Олав во стариот дел од Талин, каде Маџиров ќе настапи во рамките на „Триалогос“ фестивалот, во делот посветен на современата европска поезија, заедно со италијанската поетеса Пјера Матеи.

Претставен е како еден од најзначајните европски современи поети и најчитаниот естонски неделник за литература и уметност „Сирп“ во најновиот број посвети значаен простор на неговата поезија, објавувајќи во печатеното издание десетина песни во превод на естонски јазик.

Никола Маџиров отпатува во Естонија по книжевниот престој на островот Зилт, а по неколкудневните читања во Естонија, продолжува во Германија и Франција.

You May Also Like