Повик за учество во реалното шоу „Следи го змејот”

Национален ромски центар, заедно во соработка со Холистик Филм, а со поддршка од Програмата за промовирање на културни разлики и мултикултурен граѓански идентитет на УНДП, објавија повик за учество во новото телевизиско документарно-забавно шоу „Следи го змејот“.

Ова авантуристичко шоу „Следи го змејот“ замислено е како стратегија со игри и препреки. Со нивното совладување, протагонистите етапно ќе бидат воведувани до финалната потрага за легендарниот змеј опишан во нашиот народен фолклор. Попатно ќе ги откриваат различните културни диверзитети на нашето поднебје и подлабоко ќе се запознаваат со нашите природно културни вредности и белези.

Повикот е отворен за сите лица над 18 години кои се чуствуваат како големи авантуристи и кои се подготвени да ги поминат и најтешките препреки за да стигнат до возбудливи откритија, љубители на природата, митологијата и фолклорот жедни да ги откријат тајните моќи на непознатите светови.

За одбраните следат освојувања на вредни награди и незаборавни две недели низ најчудесните и воедно најубавите предели низ Македонија.

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат на sledigozmejot@gmail.com заедно со мотивационо писмо и фотографија или со пополнување на формуларот на линкот.

Тимот на змејот е во очекување на новите легендарни витези, најдоцна до 20-ти мај, 2012 година.

You May Also Like