Од 14-ти мај до 11-ти јуни Скопското астрономско друштво го организира 14-тиот по ред „Воведен курс по астрономија“. Целта на курсот е посетителите да се запознаат со основните принципи и факти од областа на астрономијата, без да им бидат потребни предзнаења од оваа наука.
Предавањата се одржуваат три пати неделно – понеделник, среда и петок на Машинскиот факултет со почеток од 20:00 часот. Две од предавањата ќе се бидат во Планетариумот при Младинскиот културен центар во Скопје. По завршувањето на 6-ти јуни следува опционен тест, а потоа и доделување на дипломи за успешните слушатели.
Повеќе информации на http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=3058