Pussy Riot се оградија од поранешните членки кои беа во затвор

Шесте членки на рускиот панк рок бенд Пуси Рајот потпишаа отворено писмо каде бараат Марија Аљохина и Надежда Толокоњикова да престанат да се поврзуваат со делувањето на таа група, јави Би-Би-Си.

Pussy_Riot_by_Igor_Mukhin

Тие две заборавија на „аспирацијата и идеалите на нашата група, стои во писмото. Толокоњикова (24) и Аљохина (25) минатата среда настапуваа на концертот за хуманитарна организација Амнести Интернешнл во Њујорк каде повикаа на ослободување на антивладините демонстранти во Русија и смена на рускиот претседател Владимир Путин.

На концертот, кој го означи враќањето на 25-годишната традиција на организирање концерти на Амнести Интернешнл, настапија ѕвезди како Мадона, Лорен Хил, Блонди …

Толокоњикова и Аљохина (н.з. Надја и Маша), минаа 16 месеци во руските затвори поради настапот во московската катедрала во 2012 година. Беа осудени на затворска казна од две години, но претседателот Путин во септемри ги помилува.

Шесте членки на групата кои се потпишаа како Гараџа, Фара, Шаиба, Кет, Серафима и Шумахер – сакаат да остнаат анонимни.

Тврдат дека нивната група ја застапува „левичарската антикапиталистичка идеологија“ додека Маша и Надја станале „институционализирани адвокати на правата на затворениците“.

– За наша несреќа толку многу ги оптоварија проблемите во руските затвори, што заборавија на аспирациите и идеалите на нашата група: феминизам, независност, борба против авторитаризам и култот на личноста, што всушност и доведе до нивно неправедно казнување, стои во писмото.

Посебно им пречи тоа што се појавиле на концерт во Њујорк.

– Нашите перформанси секогаш се илегални, организирани на неочекувани локации и јавни места кои не се наменети на традиционали облици на настапи, се додава во писмото.

Иако Маша и Надја веќе нагласуваа дека не се повеќе членки на таа група, нивниот настап во Њујорк е најавен како „прв легален перформанс на Пуси Рајот, се истакнува понатаму во писмото.

You May Also Like