Скопје – Град на белата роза

По повод 21 март – Денот на пролетта, под мотото „Скопје градот на цвеќето – Скопје градот на розата“ на повеќе локации низ градот, кандидатите за градоначалници на Скопските општини се засадуваат садници на рози на булеварите и на другите зелени јавни површини.


Кај булеварското зеленило на кружниот тек во Ѓорче Петров кај црквата “Свети Петар и Павле” рози засадија кандидатите за градоначалници ка Градот Скопје и Општина Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митровски, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова, како и поголем број на кандидати за советници за советот на Град Скопје и Општина Ѓорче Петров.

Целта на иницијативата е белите рози да станат препознатлив симбол на едно ново Скопје, град со модерни луѓе, кои се грижат за еколошката димензија и за општиот амбиент.

Кампањата е поттикната и од резултати од Студијата под наслов: Присуство на олово и други тешки метали во животната средина во градот Скопје, каде изтата препорачува користење на фиторемедиација кој е метод на користење на одредени видови на растенија кои имаат способност да ги задржат и акумулираат штетните елементи (тешки метали) од водата, воздухот и почвата. Розите, се повеќегодишно украсно растение, кои апсорбираат големи количини на олово и кадмиум во себе. Овие тешки метали се исклучително штетни за здравјето на луѓето. За таа цел, се препорачува нивна примена односно препорака за нивно засадување на сообраќајниците во Градот Скопје да бидат збогатени со рози, затоа што имаат повеќекратно дејство. Розата го извлекува оловото од почвата и го концентрира така што оневозможува тоа натаму да излегува од растението и да се врати во средината.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски изјави дека ќе работи во насока Скопје да стане претпознатливо по цвеќето и зеленилото и дека Градот Скопје досега направило многу за подобрување на животната средина.

Направен е новиот парк “Македонија” долж булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”, а изминатите 4 години посадивме повеќе од 46 253 листопадни, зимзелени и грмушести садници, како и над 1 милион цвеќиња во рамки на проектот „Цветно Скопје“. Во рамки на проектот ″Скопје градот на цвеќето – Скопје градот на розата″ наредниве неколку месеци ќе бидат засадени над 45.000 рози, а во наредните 4 години планираме да посадиме уште 50.000 садници, изјави Трајановски.

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски даде поддршка на овој проект, наведувајќи дека денеска по повод Денот на пролетта цвеќиња ќе се засадуваат во сите месни заедници и дворовите на јавните институции на територијата на оваа општина.

You May Also Like