И оваа година, традиционално, Невладините организации “Уметност на живеење Македонија “, “СУНА” “Банка за храна Македонија” и “Арт Лајф”, во соработка со Зоолошката градина од Скопје, на 21 април (недела), ќе организираат хепенинг за одбележување на денот на планетата Зeмја. Настанот ќе се случува во Зоолошката градина во Скопје, со почеток во 12:00 часот.
Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Зeмја, заштита на животната средина и почиста околина.
Истиот ќе изобилува со богати содржини кои најмногу ќе бидат наменети за деца и младинци.
Во рамки на самиот настан во соработка со организацијата “4х4х4 Балкански Мостови“ ќе се реализира и аукција на слики од “Ретки билки и зверки“ слики на платно исцртани од рацете на децата Амбасадори на животната средина од средните училишта ширум Македонија.
Средствата ќе бидат наменети за Едукативен центар за заштита на децата на улица во Шуто Оризари.
Од страна на стручни лица професори од основни училишта ќе се зборува на еко тема “Чување и заштита на животната средина”, а учениците својата порака за зачувување на планетата Земја ќе ја испратат преку ЕКО-тетарска претстава каде ќе земат учество три основни училишта од Скопје. Секако тука ќе бидат и верните наши принцези на кловнот Лили кои ќе ги забавуваат децата.