По настапите во Кочани, Штип и Битола, West coast symphony од Ванкувер, Канада, вечер (среда, 11 јули) во 20:30 часот, настапува и на Скопско лето 2012 .
Симфонискиот оркестар „West Coast Symphony“ од Ванкувер, Канада е основан во почетокот на 1970-тите години како гудачки оркестар. Со текот на годините, оркестарот го зголеми својот инструментариум најпрвин додавајќи дувачки инструменти и подоцна удиралки, за да се комплетира како симфониски во средината на 80-тите години.
Оркестарот сега претставува 7 програми секоја сезона, во Долнаконтинентална Канада, но исто така и во оддалечените области како што се Боуен Ајленд, Вистлер и Ванкувер Островот.На концертите во Македонија оркестарот го предводи диригент Бујар Липај.
——————————————————–
Роден во Албанија, многукратно наградуваниот диригент Бујар Липај е многу често застапен диригент на Балканската класична сцена. Дипломирал на катедрата за диригирање при Академијата за уметност во Тирана и се усовршувал на Музичката академија „Rueil Malmaison“ во Франција. Од 2008 година ја обавува функцијата на главен диригент на оркестарот „ West Coast Symphony “ во Ванкувер, Канада.