Започна Кривопаланечкото културно лето

Музичкиот театар „Ноќ на македонската приказна и песна“ со актерот Сашо Ристовски, синоќа во паркот во Крива Паланка го означи стартот на манифестацијата „Кривопаланечко културно лето 2012“, дел од Топлиот културен бран.

Во следните денови на отворените сцени во градскиот парк и на плоштадот, како и во киносалата при НУ – Центар за култура се очекува да се прикажат повеќе театарски претстави, изложби на слики и фотографии, филмски проекции, фолклорни концерти, рок и фолклорни фестивали, концерти на староградски песни и поетски вечери.

„Кривопаланечкото културно лето – 2012 година“ ќе заврши со тридневниот традиционален Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски – 2012 година“.

Организатор на културната манифестација е Националната установа – Центар за култура од Крива Паланка со поддршка на Министерството за култура.

You May Also Like