Бит фест: богата вечер за сечиј вкус

Програмата за денеска  (среда, 11 јули) започнува во 10:00 со презентација на активностите и можностите на НУБ „Свети Климент Охридски“. Во Центарот за култура стартува проект за подигнување на еко-свеста и продолжува ликовната работилница „Калеидоскоп 3“. По концертот на класична музика и театарската претстава, следува концерт на „Нокаут“.

 

Во 10:00  во НУБ „Свети Климент Охридски “ започнува дводневна презентација во траење од по 2 часа „Моја библиотека“. Презентацијата ги прикажува услугите што НУУБ „Свети Климент Охридски“ – Битола им ги нуди на своите членови на WEB – порталот Cobiss/OPAC. На овој начин граѓаните на Општина Битола ќе имаат можност непосредно да се запознаат со новите услуги на „МОЈА БИБЛИОТЕКА“. Притоа ќе можат и во директен контакт со вработените од Библиотеката да поставуваат прашања за сите сегменти од овој дел.

Здружението на граѓани  Млади херои во  Центарот за култура од 17:00-21:00 часот го реализира проектот „Кохезија помеѓу луѓето и животното опкружување“. И покрај големиот број на алармирања преку медиумите, едукативните рубрики на еко списанијата, работилниците, семинарите, дебатите кои што се организираат за потенцирање на сериозноста на проблемот со кој се соочува човештвото и подигање на свеста кај секој поединец, проблемот сеуште постои и ги демне нашите постапки. Со реализација на проект од ваква природа, продолжува битката во правец на искоренување на заканата, односно зачувување на се она што е убаво вклучувајќи ги и сите наши правилни навики и зголемување на иницијативата за обновување на што е уништено или искоренување на неправилните постапки.

Во 20: 00 часот во Магаза следува концерт на класична музика со кросовер стил. АПАСИОНАТО претствува концерт во изведба на Пламенка Трајковска и Стрингс на кој ке бидат изведени композиции од класичната музика обработени во модерен стил. Концертот е во изведба на четири професионлни музичарки – Пламенка Трајковска, Милена Тодоровска, Љубица Симјановска и Тања Силјановска. Тие ја изведуваат музичката програма со подготвена кореографија, а се користи осветлување како на рок концерт и видео бим на кој оди подготвена видео проекција.

Во 22:00 часот на истото место, Магаза ќе биде изведена претставата„ Дисидент “ по текст од еден од најпознатите француски автори Michel Vinaver а во режија на Françoise Phytilis-Labrusse. Во претставата која говори за самохраната мајка Хелен и нејзиниот син Филип настапуваат Nathalie Desmortreux и Romain Motte. Покрај двајцата актери на сцената ќе настапат и двајца музичари Robin Ricaud на бас гитара и Angel Labrusse на тапани.

Во терминот од 21:30 на Ракометното игралиште во Битола концерт на „Нокаут“. По одличните настапи на групата „Нокаут“ во полн состав на првиот Стара Бања Пикник Рок Фест, како и прекрасниот концерт пред повеќе од 2000 нивни фанови во прилепскиот Калипсо, членовите на групата „Нокаут“ најавуваат уште поголема офанзива на Македонија со големите концерти кои следуваат ова лето. Специјални гости на нивниот концерт во Битола се Игор Џамбазов, SARAH MACE и PUMPERS.

You May Also Like