Вечер (понеделник, 16 јули) во 20:30 часот во Музејот на град Скопје концерт ќе одржи пијанистот Крсте Бадровски. На програмата се дела од Бах, Бетовен, Шопен, Рахманинов и Николовски.
Крсте Бадаровски го завршува средното образование во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, како најдобар ученик на генерацијата. Продолжува да се школува на Музичкиот конзерваториум во Прага, каде во моментот е апсолвент.
Настапувал во Македонија, Србија, Хрватска, Италија и Чешка. Добитник е на неколку државни и меѓународни
награди и признанија, од кои се издвојуваат Златната плакета на меѓународниот натпревар во Белград, Србија, Трета награда на меѓународните натпревари по пијано во Скопје и во Битола, како и Четврта награда на меѓународниот натпревар по пијано во Загреб. Работи како педагог по пијано и корепетитор во неколку музички школи во Прага. Бадаровски се занимава и со композиција.