Четвртта надворешна евалуација на УКИМ

Тргнувајќи од определбата за континуирана проверка, оцена, обезбедување и подобрување на квалитетот во сите домени на своето дејствување, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е во тек четвртата надворешна евалуација од страна на експертски тим номиниран од Европската асоцијација на универзитети.

ekonomski_fakultet_ukim

Целта на надворешната евалуација на меѓународно ниво е да придонесе кон идентификување на влијанието на досегашните евалуациони процеси, согледување на стекнатите искуства од имплементираните промени, поттикнување натамошни промени и, посебно, афирмирање на вредностите и постигнатите резултати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во европското опкружување.

Според воспоставената процедура на европската програма за институционална евалуација, во изминатиов период е изготвен Извештај за самоевалуацијата на Универзитетот, а надворешната евалуација од страна на експертскиот тим се спроведува во две фази. Во рамките на програмата за посетата на тимот, предвидени се повеќе активности и работни средби.

You May Also Like