Во Битола се одбележа Денот на Обединетите нации

Претставници од агенциите на Обединетите нации, министерствата, академијата, граѓанското општество и студенти заедно разговараа за иднината што ја сакаат за Македонија и светот во целина.

den_na_UN_vo_Bitola

Разговорите беа засновани врз новите одржливи развојни цели кои и официјално ќе бидат усвоени на Генералното собрание на ООН во 2015 година, аќе се стремат концелосно искоренување на сиромаштијата во светот, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, достигнување на родовата еднаквост и рамномерен одржлив развој.

“Семејството на Обединетите нации ќе продолжи да работи со Владата и со граѓаните за да обезбеди подобри можности и подобра иднина за сите, особено на прашања како што се квалитетно образование и квалитетни работни места, намалување на семејното насилство, подеднаква застапеност на жените и мажите во политичкиот живот, еднаков пристап до сите граѓани до квалитетни јавни услуги, подобар пристап на лица со попреченост до услуги и вработување, поддршка за бегалци и азиланти и подобра подготвеност за справување со климатските промени”, изјави Луиза Винтон, Постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Македонија.

Во каков свет сакаме да живееме во 2030 година, беше главната тема на овогодинешниот Ден на Обединети нации.
“Прашањето е јасно – кој свет го сакаме до 2030 година? Свет на поголема еднаквост и повеќе можности. Свет на поголема солидарност и љубов. Свет кој ќе живее во слобода и мир”, изјави Фатмир Бесими, Вицепремиер за европски прашања на Република Македонија.
“Република Македонија како полноправна членка на Обединетите нации, вложува максимални напори да ги постигне целите кои ги има како земја во развој. Една од нив е економската благосостојба за кое клучно е отворањето на нови работни места, намалување на невработеноста, и. привлекувањето на странски инвестици”, изјави Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

На настанот беше промовирана и временската капсула, изработена од студентите од архитектонскиот факултет, во која сите учесници и над 1000 студенти од цела Македонија имаа можност да остават ‘разгледници од иднината’ со својата визија за свет во кој сакаат да живеат во 2030 година. Временската капсула беше запечатена, и ќе биде чувана во Битолскиот универзитет во следните 15 години – т.е се до 24 октомври 2030 година кога ќе биде повторно отворена.

Во своето видео- излагање по повод 69-иот роденден на Обединнетите нации, Министерот за надворешни работи Никола Попоски нагласи дека оние што ќе ја отворат капсулата во 2030-тата година, ќе треба да проценат дали сме носеле мудри одлуки. Дали сме направиле попредвидлив свет, дали нашите деца ќе уживаат поголеми благодети, дали ќе имаме попредвидливо опкружување, дали повеќе ќе се грижиме за нашите ресурси – водата, почвата, воздухот. Од одговорот на овие прашања ќе можат да проценат колку сме биле мудри во 2014-та година, и колку секој од нас придонел да одиме во поидеален свет.

Студентите од цела Македонија кои беа присутни на настанот, се согласија дека ова е одлична можност да ги споделат своите визии за иднината и да дадат свој придонес кон остварувањето на развојните цели – цели кои треба да го направат светот подобро место за живеење.

You May Also Like