Една недела Скит Скитара е на прво место со ремиксот на Бијонсе. Овој натпревар започна на 8 февруари 2012 година и веќе цела седмица е на првото место ремиксот на нашиот артист со 22 390 преслушувања. Слушаноста на песната е во постојан пораст, со просечно 150 нови преслушувања за еден час.
Сите кои сакаат да го слушнат ремиксот на Скит и да го поддржат, можат да гласаат на следниов линк. За да се изврши гласањето, потребно е да се логирате преку вашиот Фејсбук профил и да го притиснете „лајк“ копчето. Гласањето трае до 8 март 2012 година.
Инаку, Дејан Јанушев познат на јавноста како Скит Скитара (роден 1987) е артист, продуцент и текстописец на Hip Hop, RnB, Dubstep, Drum & Base и други стилови на музика.
На петнаесет годишна возраст, заедно со неговиот пријател, Марко Слаткаристика, ја оформуаат групата „Единствена Опција“ и во 2005 година го издаваат нивниот прв албум наречен „Рап Тврдина“.
Во периодот од 2005 до 2011 година, официјалните видео спотови на песните „Ново Лисиче Будало“, „Внимание“ и „Борци“ се најдоа на топ 10 листите на регионалниот музички канал MTV Adria. Покрај редовните настапи низ Македонија, во 2006 настапи на добро познатиот музички фествал Exit, Србија.
Во јуни 2010, го издаде својот прв соло албум наречен „Скит го има она … маафака“ и спотот на песната „Тип топ пичка“ за македонските издавачки куќи „Јованов рекордс” и „Токсикологија Мјузик”. Во албумот се појавува не само како изведувач, туку и како кант автор на сите негови песни, претставувајќи го неговиот стил, различен од останатите артисти и музичари. Исто така во 2012, се појавува како продуцент на музика за филмот „Максим“.
Се појавува во песните и на други познати македонски артисти како Тони Зен, во албумите „Во мој стил“ и „Тони Зен е … Супер Зен“, и во песните на Пука Козметика, Сиги, Кацар, Аце НЛ, Џоле, Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Клан Исток, Џака Накот и многу други. Се појавува и како продуцент на албумот „Жега“ на хип-хоп групата Деко и Шошо од Бугарија.
Скитара е член и продуцент на сите големи хитови на артистите од „Токсикологија Мјузик“ како „Ново Лисиче Будало“, „4екераукс“, како и „Смеј се и пеј“.