По повод својот 23-ти роденден, музичкото радио Канал 103 организира роденденска дружба во чест на македонската независна музичка сцена.
Во среда на 30-ти април, во 18 часот, ќе се случи слободен настан во Младинскиот културен центар на кој ќе присуствуваат повеќе генерации Стотројкаши.
Предвиден е целовечерен македонски музички избор, маркет на независни издавачи, проекција на Стотројкашки филмови, слајдшоу документ за скопската урбана култура и фри сешн на кој учество ќе земат 23 истакнати музичари од независната сцена.
…
По долги 3 години, фриформ сешнот “Е’н, 2, три… 103!” кој за првпат се одржа на 20-тиот роденден на радиото, се враќа на местото на настанот.
23 музичари за 23 години Стотројка. Дел од сешнот ќе бидат Тејка Васиљевиќ, Владимир Настевски, Марко Ковачевиќ, Мите Димовски, Деан Змејкоски, Сеад Хаџиќ, Филип Тасевски, Ивица Димитријевиќ, Горазд Чаповски, Синиша Евтимов, Соња Димитриоска, Драган Гиновски, Теодор Бошков, Саша Павловиќ, Александар Балдазарски и многу други.
…
Во киното Фросина ќе се прикажат следните филмови
Гето 103 (МРТВ / ФДУ, 1999)
Режија: Јане Алтипармаков
Времетраење: 11 мин.
Ако никој не свири (Стотројка, 2010)
Режија: Ѓорѓи Јаневски
Времетраење: 55 минути
Од другата страна (Danse Macabre, 2012)
Режија: Ивица Дукоски, Златко Гелески
Времетраење: 1 минута
103 – Љубовно Писмо До Алтернативната Култура (PMG Recordings, 2013)
Режија: Синиша Евтимов
Времетраење: 55 минути