Изложбата „Манаки фотографии одблиску“ и во Берово

Денеска (25 јуни, среда) во 12:00 часот во Музејот на Берово ќе биде отворена изложбата „Манаки фотографии одблиску“ дел од проектот „Кич, да!?сте или не“.

manaki_fotografii_odblisku

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Министерството за култура на Република Македонија и оваа година продолжува со започнатиот проект “Кич, да!?/ сте или не/”.

Седма година по ред, проектот чија цел е презентација и промоција на ликовната уметност и доближување на публиката до врвните имиња не само од македонската, туку и од светската ликовна уметност продолжува и оваа година со отворање на изложбата на фотографии МАНАКИ ФОТОГРАФИ ОДБЛИСКУ, која ја подготви м-р Роберт Јанкулоски.

Фотографиите се изработени од оригиналните стаклени плочи во дисперзираната лабораторија на Македонскиот центар за фотографија.

You May Also Like