26-тото издание на поетската ноќ во Велестово ќе се одржи од 15 до 18 август 2014 во Велестово и Охрид. На истата учество ќе земат десетина поети, критичари и уметници од 4 држави (Македонија, Р. Ирска, Словенија и Црна Гора).
Традиционалната ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО оваа година ќе биде посветена на поезијата на академик Катица Ќулавкова, за нејзиното творештво ќе зборува проф. д-р Владимир Мартиновски, а ќе биде отворена изложба на членови од Центарот за културен Проток АРТерија од Охрид.
Во рамки на Манифестацијата на 16 август во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид ќе се одржи меѓународно поетско читање со: Патрик Котер од Р. Ирска, Тања Бакиќ од Црна Гора, Зоран Јакимоски од Македонија и Барбара Погачник од словенија.
Исто така во рамки на манифестацијата за 18 август во Библиотеката Григор Прличев во Охрид е предвидена промоција на три поетски книги во издание на ПНВ публикации од Скопје.

